Ballina Aktualitet Venko Filipçe konfirmon orën policore nga e enjtja deri të hënën

Venko Filipçe konfirmon orën policore nga e enjtja deri të hënën

Ministri i Shëndetësisë Venko Filipçe para pak çastesh në një prononcim për mesdiar ka bërë të ditur se Qeveria ka vendosur për rikthimin e orës policore në disa qytete të vendit ku numri i të infektuarve është më i madh.

Në komunat: Shkup, Sopisht, Tetovë, Tearcë, Zhelinë, Bogovinë, Bërvenicë, Jegunovcë, Kumanovë, Likovë, dhe Shtip ora policore do të aplikohet nga dita e enjte prej orës 21:00 deri ditën e hënë ora 05:00 e mëngjesit.

Në qytetet e tjera të vendit orë policore: të premten , të shtunën dhe të dielën do të aplikohet nga ora 16.00 e premte deri 05.00 e hënë.

Владата одлучи – карантин за Скопје, Тетово, Штип и Куманово од утре во 21 до понеделник до 05 часот, во другите места од 16ч

Целосна забрана за движење во Скопје, Куманово, Липково, Тетово, Штип, Јегуновце, Желино и Боговиње се воведува од утре од 21 часот до понеделник до 5 часот, одлучи Владата, а одлуката ја соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Во сите останати градови, се забранува движење на сите граѓани од четврток од 21 часот до петок до 05 часот наутро, а во петок, сабота, недела во овие градови забраната започнува од 16 часот и трае до следниот ден до 05 часот наутро.

Петок е неработен ден поради празникот Задушница, а Филипче кажа дека од утре во 21 часот до понеделник се забранува посета на гробиштата на територија на целата држава, освен во случај на погреби.

„Анализите покажуваат дека имаме неколку локации низ земјата каде има раст на бројките на заболени кои се резултат на непочитување на пропишаните мерки. Оваа одлука е донесена заради спречување и ширење на заразата во овие локации, а и надвор од нив“, кажа Филипче.

Тој апелираше до сите кои имаат влијание во јавноста дека, ако кога било во историјата на земјата било потребно единство, тоа е сега.

„Уверен сум дека ако сите се заложиме, заедно ќе го надминеме и овој втор бран“, рече тој.

Отстапките за од овие забрани се однесуваат за земјоделските активности, поради што е дозволено движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби. За време на периодот за кој е донесена оваа одлука за забрана за движење, аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Остануваат на важење сите издадени дозволи за движење за време на претходните забрани за движење кои беа воведени, особено за економските оператори и за работа организирана во смени.

Прошетката на милениците ќе биде во веќе востановените термини. Забраната за движење не важи за лицата со попреченост и за нивните придружници доколку имаат соодветна документација.

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека Владата го усвоила барањето на Комисијата за заразни болести.

Ќе биде воведен полициски час во Скопје со сите скопски општини, Куманово, Липково, Штип, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце од утре (четврток, 4 јуни) во 21 часот до понеделник наутро во 05 часот.

Во останатите градови, села, и места полицискиот час ќе биде од утре (четврток, 4 јуни) во 21ч до петок во 5 часот наутро а во петок, сабота и недела полицискиот час ќе биде од 16 часот до 5 часот наутро, секој ден.

Денот 5 јуни се прогласува за неработен ден за сите граѓани.

Во периодот од четврток (4 јуни) од 21 часот, до понеделник (8 јуни) до 5 часот се забранува посета на гробиштата на територијата на целата држава, освен во случај на погреби.

За земјоделските активности е дозволено движење во рамки на атарот на селата, исклучиво за работни потреби. Аптеките ќе работат непречено, Министерството за здравство ќе изготви соодветен план за непречена работа и на здравствените установи, соопшти министерот Филипче.

Исклучоци ќе бидат припадниците на полицијата, армијата, здравствените работници, здравствените установи, маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Остануваат на важење сите издадени дозволи за движење за време на претходните забрани за движење, особено за економските оператори и за работата организирана во смени. Остануваат дозволите за прошетка на миленици, со истите периоди – 8:00-8:30, 15:00-15:30, 20:00-20:30 часот. Забраната не важи за лицата со попреченост и нивни придружници доколку имаат соодветна документација.

Филипче рече дека овој нов бран е последица на непочитување на мерките од страна на граѓаните, и неспроведување на мерките од страна на МВР.

Повторното воведување на рестриктивните мерки следува по зголемениот број новодијагностицирани случаи со Ковид-19 во земјава во изминатите денови. Само во последното дененоќие се регистрирани 101 нов случај со Ковид-19, од кои најголемиот дел се од Скопје – 59. Заразени има и во Куманово-12, Штип-седум, Струга – шест, Тетово – пет, во Гостивар и Кочани има по три случаи, Пробиштип – два, а по еден случај во Прилеп, Велес, Охрид и Кавадарци.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 10 оздравени пациенти и четворица починати.

@tn.lajmelokale
@tetovanews