Ballina Македонски Зибери: Најголемиот број на новозаболени се членови на исти семејства

Зибери: Најголемиот број на новозаболени се членови на исти семејства

До пред три денови точно ги зневме кластерите во Скопје, вели директорот на Центарот за јавно здравје во гостувањето на Топ Тема. Според него најголемиот број на новозабоелни регистрирани во Скопје се членови на исти семејства.

Во Скопје имаме 15 фамилии од кои потекнуваат 90 проценти од бројот на новозаболени во градот. Но ситуацијата ја имаме под контрола, ги знаеме кај се, рече Зибери.

Зибери исто така откри и дека одреден број од анкетираните контакти или забоелни не им даваат точни информации на епидемиолозите.

Многу често ни даваат лажни податоци, многу е важно луѓето да соработуваат и искрени да бидат во одговорите затоа што така побрзо ќе ги најдемем контактите и ќе ги тестираме луѓето, рече тој.

Статиститката покажува, продолжи тој, дека најголемиот број од новозаболените се заразиле преку идење на гости, ручеци и вечери, односно преку поголеми собири.

Според него рано е да се оценува колку олабавувањето на мерките влијаело врз сегашното влошување на ситуацијата со ширењето на коронавирусот. Голем број на граѓани не ги почитувале мерките и препораките а за тоа сведочи и бројот на казни изречени од страна на МВР. Празничните денови на крајот на минатиот месец секако дека дополнително влијале на зголемувањето на бројот на новозаболени, оценува Зибери./telma.com.mk

VIDEO bonus:
Loading...