Ballina International Македонски 12 во Тетово: Затворени 14 угостителски објекти поради непочитување на мерки за...

12 во Тетово: Затворени 14 угостителски објекти поради непочитување на мерки за спречување на ширење на корона вирусот

Инспекцискиот совет продолжува со редовно спроведување на инспекциските состојби.

-Во период од 12 до 18 мај спроведени се 2.895 вонредни инспекциски надзори од страна на шесте инспекциски служби. Инспекторите од државниот пазарен инспекторат имаат остварено 1.566 надзори. Постапувано е во трговски објекти и на големо и на мало, се врши проверка на почитување на уредба на замрзнати цени на производи од 11 март и други здравствени процедури. ДПИ затвори 14 угостителски објекти, 12 во Тетово, 1 во Охрид и 1 во Струмица за кој е поднесена кривична пријава. Кривична има и за хостел во Скопје. Пет прекршоци за непочитување на уредба од страна на банка и за непочитување на опрема и замрзнатите цени, соопшти на денешната прес-конференција претседателката на Инспекциски совет Магдалена Филиповска Грашкоска.

Државниот инспекторат за труд реализираше 682 надзори кај работодавачи и донесени се 15 решенија и 42 укажувања. АХВ спроведе 195 надзори во повеќе градови и се изречени 12 решенија за неспроведување на контрола на штетници и заштита од нив и лоши хигиенски услови и 8 казнени мерки едукации за непримена на заштитни мерки против коронавирус и неправилно означување на производите.

Од страна на државниот инспекторат за транспорт се извршени 114 надзори и констатирано е дека меѓиопштинскиот сообраќај е целосно редуциран. По измената на одлуката на Владата воспоставена е редовна линија Скопје – Куманово со почитување на 50 отсто намален капацитет на патници. Товарниот сообраќај се одвива без ограничувања.

ДЗСИ дополнително спроведе 286 надзори. Издадени се 395 дозволи за транспортери и професионални возачи за непречено одвивање на транспортот.

Малмет изврши 52 контроли и е констатирано дека нема специфични отстапувања, изјави претседателката на Инспекциски совет Магдалена Филиповска Грашкоска./slobodenpecat.mk

@tn.lajmelokale
@tetovanews