Ballina International Македонски Тетово станува жариште на коронавирус- групирањата и недисциплираноста на тетовци главна причина

Тетово станува жариште на коронавирус- групирањата и недисциплираноста на тетовци главна причина

Со 10 позитивни пациенти и три нови кластери Тетово станува жариште на заболени со коронавирус,алармираат епидемиолозите.Состојбата велат, воопшто не е за потценување.Групирањата и семејните собири се главните причини  за постојаниот пораст на заболени.

Најголем ризик е појавувањето на нови кластери,чија бројка од почетокот на пандемијата во Тетово е околу 25, вели Скендери. Тетово и Боговиње се општини со најмногу заболени.

Со денешните 10, бројот на заболени во Тетово достигна 161, од кои активни 73, и 15 починати пациенти.Епидемиолозите стравуваат дека со ваквата недисциплинираност на граѓаните,состојбата ќе оди на полошо.

Милена Вучевска/alfa.mk

@tn.lajmelokale
@tetovanews