Ballina International Македонски Пронајдени три починати лица за еден ден во Скопје и во Битола,...

Пронајдени три починати лица за еден ден во Скопје и во Битола, две од телата биле во распаѓање

Две тела во фаза на распаѓање се пронајдени во Скопје.

МВР соопшти дека на 22.05.2020 во 14,53 часот во СВР Скопје, Б.П. пријавил дека на ул.„Анастас Митрев“ од стан во кој живеел У.И(42) неколку дена се шири непријатна миризба. При полициската интервенција во станот било затекнато телото на У.И. во фаза на распаѓање. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обинител телото е предадено на обдукција.

Еден час подоцна, во Полициска станица Бит Пазар, И.Ч од Скопје пријавил дека во разрушена куќа на ул. “Филип Втори“, сопственост на Х.М.(63) од Скопје пронашол мртво тело во фаза на распаѓање. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

На 22.05.2020 околу 18,15 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Леринска“ во Битола во сопствената куќа била пронајдена почината О.Р. (67) од Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, соопшти МВР.

@tn.lajmelokale
@tetovanews