Ballina International Македонски Почина 47-годишен пациент од Тетово кој вчера бил примен во ГОБ „8...

Почина 47-годишен пациент од Тетово кој вчера бил примен во ГОБ „8 септември“ во Скопје позитивен на Ковид 19

47 – годишен пацинет од Тетово, кој вчера бил примен во болницата „8 септември“ во Скопје позитивен на Ковид 19, денеска почина. Во тетовско потврдени 4 случаи заразени со коронавирус од вкупно 23 во целата земја.

Пациентот бил со хронични заболувања, истакнаа од Министерството за здравство. Ова е шеснаесетиот пациент кој ја изгуби битката со Ковид 19 во тетовско. Досега во овој регион се евидентирани 165 лица заразани со коронавирусот. Последните пациенти кои се позитивни како што велат од Центарот за јавно здравје Тетово велат дека се резултат се поголемиот број групирања на луѓето, но и се поголем број на собирања во домовите

Епидемиолизите постојано апелираат на внимателност

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1921, бројката на оздравени пациенти е 1387, на починати е 112, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 422“, информираат од МЗ.

@tn.lajmelokale
@tetovanews