Ballina International Македонски Нови 52 заболени од коронавирусот, четири жртви во последното деноноќие

Нови 52 заболени од коронавирусот, четири жртви во последното деноноќие

52 новозаболени од коронавирус и четири жртви во последното днеоноќие во Македонија. Двајца починати се од Скопје, еден е од Тетово и една жртва е од Велес. Двајца од заболените се во рамките на скринингот на градинките.

Најголем број од новооткриените случаи повторно се во Скопје – 26, а поголем дел од нив се од општините газио Баба, Чаир, Сарај и Студеничани.

Во Тетово се откриени 9 нови случаи, 6 во Куманово, седуммина новозаболени има во Штип , двајца во Струга и по еден во Велес и Кочани.

Во моментов има 487 активни случаи на заболени од коронавирус во Македонија.

Во последните 24 часа, направени се 661 тест а 124 се во рамките на скринингот. Тоа значи дека од 537 тестови според алгоритамот има 50 заболени или нешто под 10 отсто./telma.com.mk

@tn.lajmelokale
@tetovanews