Ballina International Македонски МАРАТОНСКИ КАРАНТИН, ОД САБОТА 19:00 ДО ВТОРНИК 05:00 НАУТРО?

МАРАТОНСКИ КАРАНТИН, ОД САБОТА 19:00 ДО ВТОРНИК 05:00 НАУТРО?

Полицискиот час викендов да почне од сабота во 19 часот и да трае до 05 часот изутрината во вторник. Комисијата за заразни болести и предложи на Владата карантин за време на престојниот празничен викенд. Одлуката велат ја донеле поради тоа што граѓаните се групирале на приватни и семејни собири, не почитувајќи ги препораките, што придонело за пораст на бројката на новозаразени во последнитве денови.

Кафулињата и рестораните пак, остануваат затворени, иако се планираше нивно отворање до крајот на неделава. За тоа кога ќе се отворат како и за намалување на полицискиот час ќе се одлучува од следната недела.

„Проценките се дека најголем процент од новите случаи на ковид-19 во изминатите денови се од приватни и семејни собири. Поради непочитувањето на мерките, проценките се дека само вакви ригорозни чекори може да дадат ефект. За сите други рестрикции, како што е отворањето на угостителските објекти или укинување на полицискиот час, Владата ќе одлучува следната седмица“. – Венко Филипче – Министер за здравство.

Редовните прегледи и одложените операции ќе почнат од следната недела. Во моментов се подготвува системот Мој термин, а дел од прашањата во анкетата за добивање тест за корона вирус се проширени, со цел да се зголемат тестовите за КОВИД 19.

„Очигледно дека тој притисок во болниците сериозно попушта и вистински интензивно ние го избегнавме тоа. Веќе сите имаат добиено задолженија да ги организираат и редовните програми, направени се списоци на пациенти и интервенции што беа одложувани сето тоа ќе оди во координација со системот за закажување Мој термин, што ќе работи според нов протокол при кој прегледите ќе траат 20-30 минути за да се избегнат гужвите во амбулантите.“ – Венко Филипче – Министер за здравство.

А бројката на починати од коронавирусот денеска достигна до 110. Министерот за здравство тврди дека смртноста во Македонија не е највисока во регионот. Високата бројка на починати според Филипче се должи и на тоа што Македонија прави тестирања за КОВИД19 откако ќе починат пациенти. Причината за тестирањето по смртта пак вели дека е за да се анализираат контактите на починатите, но и за да добијат појасна слика за состојбата со епидемијата. Според Филипче, ако бројката на пациенти кај кои што е откриен вирусот по смрттта се извади од вкупната бројка на починати, тогаш смртноста ќе биде уште пониска.

Во меѓувреме пак шаторите кои беа поставени до инфективната клиника за пациенти со коронавирусот се отстранети. Остануваат бараките кои што ќе се користат како КОВИД центар. Шаторите беа поставени како надополнување на капацитетите на Клиниката за инфективни болести во случај на зголемување на бројот на пациенти на кои би им било потребно болничко лекување. За министерот Филишче тоа што немало потреба од дополнителни капацитети за хоспитализација на пациенти е доказ за успешно справување со коронавирусот./24.mk

@tn.lajmelokale
@tetovanews