Ballina International Македонски Измамен гостиварец: „Kупил“ стан за осум илјади евра во Струга!

Измамен гостиварец: „Kупил“ стан за осум илјади евра во Струга!

Во Полициската станица Гостивар, Л.Д.(35) од Гостивар вчера пријавил дека бил измамен од лицето А.„Н“, кое ветувало дека поседува стан кој сакал да го продаде, информира МВР.

Според пријавеното, на 14.08.2017 негов познаник го повикал кај него затоа што кај него било лице кое продавало стан во склоп на хотел во Струга и ако бил заинтересиран да дојде да се договорат. Исто така, според пријавата, тој отишол и се сретнал со А.„Н“, при што се договориле да го купи станот за цена од 8.000 евра, а парите ги барал веднаш затоа што правел свадба. Како што е пријавено, Л.Д. се согласил и наредниот ден заедно со негов пријател во Гостивар се сретнале со А.„Н“ и му дал половина од сумата и ги зел клучевите од станот, а неколку дена подоцна повторно се сретнале во угостителски објект и му ја дал втората половина.

Според пријавеното, по неколку дена, Л.Д. отишол во хотелот во Струга каде што го известиле дека лице со име А.„Н“ не поседува стан и му дозволиле да провери. Како што пријавил Л.Д., после тоа тој се сретнал со А.„Н“ и по извршен разговор со него дознал дека бил измамен, а до денот на пријавување не добил сопственост на станот и не му биле вратени парите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

@tn.lajmelokale
@tetovanews