Ballina International Македонски Дали ќе има карантин за Сарај, Чаир, Аеродром…?

Дали ќе има карантин за Сарај, Чаир, Аеродром…?

Во последните 24 часа направени се 1.120 тестирања, а регистрирани 35 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје- 22, Куманово -4, Тетово-6, и по еден во Штип ,Струга и Гостивар.

Во Скопје најголем дел од заразените се дури 6 се од Чаир, додека по двајца има во општините Сарај, Аеродром, Илинден, Бутели и Шуто Оризари, Студеничани и Сопиште по еден заболен.

Директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери, за Телма вели дека во општина Сарај се познатие сите кластери, ги има 4 до 5. Најмногу заболени има во селата Крушопек, Буковиќ и Сарај, а сите заболени досега соработувале во откривање на контактите.

Ваквото зголемување на бројот на заболени во скопските општиние и Тетово, ги наведе здравствените власти да размислуваат за воведување поригорозни мерки во овие општини, а не е исклучен и карантин, кој се покажа како успешен во случајот на Дебар.

– Што се однесува до скопските општини малку е попроблематично и поспецифично да се изведе нешто такво, зошто Дебар е друг случај. Дебар беше посебна општина, малку поинаку локализирана. Oпштините како што се Сарај, Чаир, Гази Баба, мислам дeка е многу тешко таква една операција. Но тоа не зависи од нас, за тоа сигурно треба да одлучуваат други институции – вели директорот на ИЈЗ – Арбен Зибери./plusinfo.mk

@tn.lajmelokale
@tetovanews