Ballina Македонски Тетово – Закани, обиди за физички напади и тајно снимање на полициски...

Тетово – Закани, обиди за физички напади и тајно снимање на полициски службеници

Вчера попладне, додека полициски службеник од СВР Тетово одел за на работа со возилото на неговиот другар, на улица „107“, едно лице со неговото патничко возило, во кое бил и неговиот татко и уште едно лице, им го попречиле патот и се обиделе физички да ги нападнат и им се заканувале. После тоа, според пријавеното, со возилото ги следеле до Полициската станица Тетово. Лицата биле повикани на разговор во полициска станица и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи и соодветен поднесок.

Вчера, исто така, на булевар „Илинденска“, полициски службеник од ПС за БПС Тетово неовластено бил сниман од 34-годишник од Тетово додека извршувал службени дејствија во врска со неговото погрешно паркирано возило „фолксваген пасат“ со косовски регистарски ознаки. Тој одбил да престане и да ги избрише снимките од телефонот, по што бил лишен од слобода. Преземени се соодветни мерки, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Инаку, три  лица во Гостивар не ја почитувале одлуката за ограничено движење во  изминатите 24-часа. Според статистичките податоци во СВР Тетово 56 нови лица во Тетово се во изолација со решение од Државен санитарен инспекторат, а биле контролирани вкупно 129 лица, додека прекршочни санкции за неносење заштитна маска преземени се кон 8 лица во Тетово и 15 во Гостивар

36-годишник од село Селце, вчера пријавил дека додека се движел по улица „Маршал Тито“ со неговото патничко возило „сеат толедо“ со тетовски регистарски ознаки, во неговото возило удрило патничко возило „голф 7“ со тетовски регистарски ознаки управувано од непознато лице. Според пријавеното, лицето излегло од возилото и кога пријавителот му кажал да се договорат за незгодата, лицето физички го нападнал, по што заминал со возилото. Набргу потоа, лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.