Ballina Македонски Расте списокот измамени од жената од Прилеп

Расте списокот измамени од жената од Прилеп

Освен средновечни мажи, 49-годишната прилепчанка мамела и жени. Пред 3 години ја ограбила својата 82-годишна вујна, исто така од Прилеп. Измамничката се послужила со картичката на старицата и без нејзино знаење од банкомат повлекла вкупно 80.000 денари. Синот на оштетената, не очекувал да биде ограбен од својата роднина, со која претходно не ни контактирале.
Петрески случајот го пријавил во полиција.
Но ниту ги вратила парите, ниту повторно ја виделе измамничката. Поради тоа судот во отсуство, и изрекол условна казна затвор од една година, доколку во наредните 2 години не стори ново кривично дело. А ја задолжил и да ги врати парите.
Пресудата е донесена во март лани, само 2 месеци, пред да го напушти својот партнер од Прилеп од кого успеала да извлече милион и шестотини илјади денари… за потоа да замине кај новиот љубовник во Скопје.
Во пресудата исто така пишува и дека прилепчанката во 2014 сторила уште едно едно кривично дело. Станува збор за кражба од 200 евра, за кои тогаш судот и изрекол парична казна.
Од Обвинителството во Прилеп велат дека, во изминатиов период кај нив нема стасано нова пријава за лицето.
Претходно Сител објави дека 56-годишен скопјанец и 59-годишен прилепчанец, се жртви на измама на „фаталната“ прилепчанка. Првиот останал без своите 3000 евра, додека од вториот успеала да извлече 26.000 евра. И со двајцата била во љубовна врска.

VIDEO bonus:
Loading...