Ballina Македонски Поголем дел од Тетово без вода неколку часа поради дефект на една...

Поголем дел од Тетово без вода неколку часа поради дефект на една од главните цевки

Речиси шест часа поголем дел од Тетово беше без вода за пиење поради голем дефект на една од главните водоводни цевки на улицата „Абдул Фрашери” (поранешна „Радован Цониќ”), информираа денеска од Јавното комунално претријатие „Тетово”.

– Поради дефект во главната водоводна мрежа ф-400 во улица „Абдул Фрашери” имаше прекин на водоснабдување, со почеток од 08:30 часот. Работниците од претпријатието „Водовод и канализација” беа максимално ангажирани за побрзо и поефикасно санирање на дефектот, соопштија од ЈКП Тетово.

Оттаму посочија дека стариот водоводен систем е причина за постојани дефекти, односно пукање на старите водоводни цевки. При тоа, службите на ЈКП ги менуваат со цевки од понов материјал./MИА