Ballina Македонски Од денешните 11 заразени во Скопје најмногу се од Сарај, Чаир и...

Од денешните 11 заразени во Скопје најмногу се од Сарај, Чаир и Бутел

Во изминатите 24 часа регистрирани се 19 нови случаи на Ковид-19 во земјава од вкупно направени 512 тестирања, информира Министерството за здравство.

По градови новите случаи се откриени во Скопје – 11, Куманово – 2, Прилеп – 1, Тетово – 1, Велес – 1, Гостивар – 1, Струмица – 1 и Виница – 1.

Според нашите информации, најмногу од заболените во Скопје се од Сарај, Чаир и Бутел.

Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1858, бројката на оздравени пациенти е 1367, на починати е 110, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 381./fokus.mk

VIDEO bonus:
Loading...