Ballina Македонски Неколку населби во Тетово жаришта на инфекција со Ковид 19

Неколку населби во Тетово жаришта на инфекција со Ковид 19

Тетово кое деновиве води по бројот на активни случаи со коронавирус, во последниве денови има 25 кластери. Тоа се жаришта на инфекции кои се главно концентрирани во градот во пет или шест населби кои не се објавуваат од ниту една институција, но кои најчесто се дезинфицираат, велат од Противпожарната единица задолжена за чистење на населбите.

„На одредени места каде има појава на пандемијата или коронавирусот, одиме во тие населби, но исто така и жителите ни се јавуваат, ја вршиме нашата работа, ги дезинфицираме улиците“, вели Ука Алити, командир на противпожарната единица, Тетово.

„Можам да ви кажам дека најчесто дезинфицираме четири или пет улици во градот Тетово, па најчесто тие се дезинфицираат, но и нивните објекти внатре се дезинфицираат“, додава Алити.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, полошка општина со најмногу случаи и жртви е Боговиње со 47 заразени и 6 жртви. Потоа следуваат Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

Најголеми извори на инфекции се собирите на повеќе граѓани на едно место без да се почитува мерката за одржување на растојание и носење маска. Најголеми гужви се забележуваат пред поштите, банките, пазарите и маркетите.