Ballina Македонски Мухамед Зекири и неговото семејство позитивни на КОВИД-19

Мухамед Зекири и неговото семејство позитивни на КОВИД-19

Пратеникот и потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири објави дека тој и неговото семејство – сопругата и тримесечната ќерка се позитивни на ковид-19.

„И покрај внимателноста и придржувањето до препораките за минимум контакти, би сакал да ве информирам дека јас, сопругата и тримесечната ќерка имаме позитивни резултати на ковид-19. За среќа немам никакви симптоми, но тестот покажа позитивен резултат. Уште еднаш апелирам до сите да не го потценуваат вирусот и да бидат максимално внимателни. Доколку имате и најмали сомневања, одете и тестирајте се“,

напиша Зекири на Фејсбук и упати извинување до сите со кои во последните денови бил во контакт, како и жалење што ненамерно ги довел во непријатна ситуација.