Ballina Македонски Ковид-19: Лекарите се жалат – „Пациентите не кажуваат со кого имале контакт“

Ковид-19: Лекарите се жалат – „Пациентите не кажуваат со кого имале контакт“

Заразените пациенти не соработуваат со лекарите и одбиваат да кажат со кого имале контакти. Според епидемиологот, Љуљзиме Бајрами голем број од заразените стравуваат да откријат каде биле пред да се заразат и со кого оствариле контакт. Додава дека ова уште повеќе го отежнува процесот на спречување на вирусот Ковид-19.

Љ.Б.: „Тие не ни кажуваат кој со кого имал контакт со цел да ги откриеме новите жаришта и да го спречиме ширењето на вирусот“.
ТВ21: Од кое место се овие семејства?
Љ.Б: Од Чаир, Бутел, Сингелиќ, Чаир….

Радиологот Едмонд Вејсели, вели дека ако сакаме да го спречиме коронавирусот треба да имаме меѓусебна соработка со лекарите.

„Искрено проблем е што пациентите стравуваат да направат контрола кај лекарот, да одат да се пријават и пред сѐ да го зачуваат здравјето на нивните семејства, бидејќи ова е превентивна мерка за ширење на вирусот Ковид-19“, вели Едмонд Вејсели.

Заменик-министерот за здравство, Арменд Арслани, вели дека Македонија е земја со најмала стапка на смртност во споредба со Словенија и Грција.

„Ние сме зад Словенија, зад Грција по бројот на смртните случаи, но ова се менува во секој час. Кај нас се зема брис и по смртта кај пациентите. Од 119 смртни случаи, кај 1/5 или кај над 20 е земен брис откако настапила смртта, што во другите земји не се прави“, посочи Арменд Арслани.

Првиот случај на Ковид-19 во Македонија е регистриран на 26 февруари годинава. Иако бројот за заразени почна да опаѓа, сепак деновиве во нашата земја повторно е забележан пораст на пациентите кај кои е констатирано присуство на коронавирус.

VIDEO bonus:
Loading...