Ballina Македонски Зголемен бројот на казни за неносење заштитни маски во Тетово

Зголемен бројот на казни за неносење заштитни маски во Тетово

Тетовската полиција бележи зголемување на бројот на изречени казни поради неносење заштитни маски за лице, кои се задолжителни согласно владината уредба за превенција од ширење на коронавирусот. Денешниот биланс изнесува 64 казнети граѓани, после вчерашните 40 изречени казни.

-ВО ТЕКОТ НА ИЗМИНАТОТО ДЕНОНОЌИЕ, СПОРЕД СТАТИСТИКАТА НА СЕКТОРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ТЕТОВО ЗА ПЕРИОДОТ 28/29 МАЈ ЗА НЕНОСЕАЊЕ ЗАШТИТНИ МАСКИ НА ВКУПНО 64 ФИЗИЧКИ ЛИЦА ИЗГОТВЕНИ ИМ СЕ ПРЕКРШОЧНИ ПЛАТНИ НАЛОЗИ, СОГЛАСНО ЧЛЕН 6 ОД СООДВЕТНАТА ВЛАДИНА УРЕДБА, СООПШТИ МАРЈАН ЈОСИФОСКИ, ПОРТПАРОЛ НА ТЕТОВСКАТА ПОЛИЦИЈА.

СВР Тетово бележи 75 нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат додека вкупно биле контролирани 197 лица. Изјави за самоизолација потпишале 10 луѓе, а контрола била извршена на 29 луѓе.