Ballina Македонски Драма во Тетово: Направиле сообраќајка, па наместо да се договорат, го претепал...

Драма во Тетово: Направиле сообраќајка, па наместо да се договорат, го претепал па си заминал

Две возила се судриле во Тетово, по што еден од возачите наместо да се договори, физички го нападнал другиот и си заминал.

„На 21.05.2020 во 21.00 часот во Полициската станица Тетово, Р.Ј.(36) од село Селце, тетовско, пријавил дека околу 17.20 часот, додека се движел по улица „Маршал Тито“ со неговото патничко возило „сеат толедо“ со тетовски регистарски ознаки, во неговото возило удрило патничко возило „голф 7“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од непознато лице“ велат од МВР.

Според пријавеното, лицето излегло од возилото и кога Р.Ј. му кажал да се договорат за незгодата, лицето физички го нападнало, по што заминало со возилото.

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

VIDEO bonus:
Loading...