Ballina Македонски Во Тетово најбрзо расте бројот на заболени од коронавирусот

Во Тетово најбрзо расте бројот на заболени од коронавирусот

Поради групирања на граѓаните, семејни посети и непочитување на мерките пред институции, во Тетово секојдневно расте бројот на заболени лица со Ковид – 19. Граѓаните се опуштија, но здравствените власти постојано повторуваат дека пандемијата не е завршена. Овој регион е на второ место по бројот на активни случаи, а во градот и околината се регистрирани вкупно 25 кластери, а 3 се нови.

Досега полицијата само опоменуваше, но во Тетово во изминатите 24 часа казнети се 12 лица, кои не ја почитувале наредбата за задолжително носење маски, а 10 лица ќе се соочат со соодветни поднесоци поради прекршување на полицискиот час.

Граѓаните се согласуваат дека мерките во Тетово делумно се почитуваат, а некои велат дека истите треба да се засилат.

Во изминатото деноноќие во тетовскиот регион се регистрирани нови 10 случаи со Ковид 19, во Тетово 4 заболени, од кои 1 е со адреса на живеење во Тетово, но живее во Скопје, едно заразено лице е од с. Порој, едно од с. Селце, 3 од Општина Теарце и 1 лице од Општина Брвеница. Вкупниот број на случаи со Ковид 19 достигна 161.

Данијела Билбилоска/telma.com.mk

VIDEO bonus:
Loading...