Ballina Македонски ВИДЕО: Зекири пред три дена учествуваше на дебата со Јанушев во „ТВ24“

ВИДЕО: Зекири пред три дена учествуваше на дебата со Јанушев во „ТВ24“

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој објави дека е заразен со коронавирусот, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ 24 заедно со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, која ја водеше новинарката Душица Мрѓа која сега е во изолација.

Дебатата се одржа пред три дена, а од снимката може да се види дека учесниците не носеа заштитна опрема, но меѓу нив има дистанца. Новинарката Мрѓа не сакаше да коментира ништо околу ова и кажа дека ќе се обрати преку социјалните мрежи. Генералниот секретар, Игор Јанушев, пак, не одговара на телефонските повици.

Засега непознати за јавноста се останатите контакти кои ги имал Зекири во изминатиот период, исто како што непознато е дали потпретседателот на СДСМ учествувал и на други поголеми состаноц.

Минатиот месец, по учество на дебата каде заразен со коронавирусот беше новинарот Гоце Михајловски, во изолација беа лидерите Зоран Заев и Христијан Мицкоски. По 14 дена од контактот со новинарот, тие беа тестирани, а резултатите беа негативни.

Инаку, освен Зекири, позитивен резултат на тестовите за коронавирус имаат и неговото тримесечно бебе и сопругата./a1on.mk