Ballina Kronika MPB: Shkaku i protestave në Hasanbeg ishte arrestimi i tre personave që...

MPB: Shkaku i protestave në Hasanbeg ishte arrestimi i tre personave që nuk respektuan orën policore (VIDEO)

Nga MPB paralajmërojnë se kundër të gjithë atyre që kanë thyer ndalimin e qarkullimit dhe lëvizjes do të merren masa adekuate.

Ministria e Brendshme sot ka publikuar detaje nga zhvillimet e mbrëmshme në lagjen Hasanbeg të Shkupit

Sipas informacioneve zyrtare, mbrëmë rreth orës 22, në stacionin policer të Gazi Babës u arrestuan tre persona: personi me inicialet B.M. (19 vjeç) nga Haraqina, S.R. (21 vjeç) nga fshati Sinxheliq dhe B.B. (30 vjeç), banues në rrugën “Alija Avdoviq”, të cilët nuk kanë respektuar orën policore.

Pas përgatitjes së dokumentit përkatës, personat u liruan nga stacioni policor, kurse grupi i grumbulluar i protestuesve u shpërnda. Do të merren masa adekuate kundër personave të tjerë që nuk e kanë respektuar ndalimin e qarkullimit dhe lëvizjes.

 

МВР: Жители на Синѓелиќ протестираа затоа што биле уапсени три лица поради непочитување на полицискиот час

Две лица од Синѓелиќ и едно од Арачиново кои не го почитувале полицискиот час вчера биле однесени на информативен разговор во полициска станица, а потоа и пуштени на слобода, потврдуваат од МВР.

Тие се товарат за кривично дело од член 206 од Кривичниот законик, за што против нив ќе биде поднесена кривична пријава поради непочитување на ограничувањето на движење.

По приведувањето на трите лица, на улица во Синѓелиќ се собра толпа народ, за која исто така ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.

„Од страна на полициски службеници биле лишени од слобода В.М. (19) од Арачиново, С.Р. (21) од с.Синѓелиќ и В.В. (30) од ул.„Алија Авдовиќ“. По лишувањето од слобода на лицата, на ул.„Алија Авдовиќ“, поголема група граѓани излегле на истата улица во знак на протест. По изготвената соодветна документација, лицата се пуштени од полициската станица, а насобраната група граѓани се разотишла. Ќе бидат преземени соодветни мерки и против останатите лица што не го почитуваа ограничувањето на движење“, велат од МВР.

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, кој сам излегол меѓу револтираните граѓани за да ја смири состојбата, посочува дека меѓу толпата се ширела дезинформација дека трите лица кои беа приведени биле физички нападнати од страна на полицијата.

„Точно е дека вечерва во населеното место Синѓелиќ дојде со нарушување на полицискиот час од поголема група на граѓани. Јас како градоначалник самоиницијативно излегов на лице место откако дознав дека нешто се случува, што е и моја обврска, со една единствена цел, да ја смирам состојбата и да се врати се во нормала, без никакви дополнителни инциденти. Особено сега кога земјава и целиот свет се соочуваме со справување со коронавирус. За да не се шират дезинформации, ве известувам дека вечерва три лица од страна на полицијата се однесени на информативен разговор во ПС Гази Баба. Исто така не е точно дека лицата биле физички нападнати од страна на полицијата, поради што и се собрала групата. Како градоначалник излегов сам меѓу револтираните граѓани за смирување на состојбата. Тоа е моја должност и обврска. Откако се објаснивме жителите се разотидоа во своите домови. Затоа апелирам до сите да не се шират непроверени или половични информации, кои можат да влијаат во нарушување на јавниот ред и мир или да внесат паника или бес кај граѓаните“, напиша Георгиевски по настанот./Makfax

VIDEO bonus:
Loading...